Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, денес ќе ја делат правдата на мечот во Руен помеѓу селекциите на Германија и Саудиска Арабија.
Нашите судии по вторпат на овој собир ќе и судат на Германија, откако беа арбитри во првото коло против Унгарија.
Германската ракометна селекција со две победи од два меча е втора на табелата во групата Ц и со евентуална победа над Саудиска Арабија ќе го потврди пласманот во осминафиналето, а која селекција ќе заврши на првата позиција од оваа група ќе дознаеме по меѓусебниот дуел против Хрватска, кој ќе се одигра во последното коло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.