| четврток, 6 декември 2018 |

Очекувам граѓаните масовно да се приклучат на движењето за десороизација на Македонија

Ненад Мирчевски

Ненад Мирчевски

Денешното наше јавно обраќање е всушност повик до сите граѓани да ни се приклучат, односно да се приклучат на нашата иницијатива за формирање на граѓанско движење чија примарна цел е десороизација на Македонија. Ги поздравувам одлуките на оние политички партии кои во изминатиот период јавно го поддржаа овој процес, но сепак, сметам дека тоа не е доволно за да се заштити државата од антидржавното делување на соросовата фондација и неговите платеници. Ние како граѓани на оваа држава, и пред се како Македонци, имаме обврска како пред нашите предци, така и пред нашите потомци, независно од делувањето на политичките партии, да дадеме свој придонес во зачувување на целовитоста на државата и сите нејзини белези кои во моментот се загрозени од овие платеници во граѓанскиот сектор. Свесни сме дека против нас имаме сериозна организација со огромна моќ, и непресушен извор на финансии, но во исто време сме убедени дека во Македонија има многу повеќе родољуби патриоти за кои опстанокот на татковината нема цена. Токму затоа веруваме дека ова движење многу скоро ќе добие на масовност, а со тоа ќе стане и сериозен , се надевам и главен фактор во процесот на десороизација на државата.

Зошто граѓанско движење?

Во изминатиот период се уверивме дека опозицијата потпадна под целосно влијание на Сорос и неговата фондација, со што сериозно се доведе во прашање опстанокот на државата во денешен облик. Од друга страна, имаме политички партии кои во моментот немаат доволен капацитет одлучно и решително да ги заштитат националните интереси. Причини може да набројуваме многу. И објективни и субјективни, но неспорен факт е дека заканата за опстанокот на државата е премногу сериозна, а општеството е премногу поларизирано и поделено за си дозволиме судбината на државата да ја оставиме во рацете на политичарите, а ние граѓаните така комотно да ги следиме процесите од фотеља. Токму затоа одлучивме дека начинот на граѓанско дејствување е единствен начин за обединување на македонските граѓани против злото наречено Џорџ Сорос и неговиот план за уништување на државата. Нашата главна цел ќе биде целосно разобличување на начинот на функционирање на соросовата мрежа во Македонија, а времето ќе покаже дали и колку ќе успееме во тоа.


Авторот е член на Иницијативниот одбор за формирање на граѓанското движење „Стоп операција Сорос“

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top