Македонија загуби од Словенија, но денеска сите треба да навиваме за нив. Токму за „змајчеки“ бидејќи и покрај тоа што избраниците на Веселин Вујовиќ немаат ден одмор ќе се обидат да слават победа над Тунис. Од овој меч, може да зависи и расплетот за Македонија во групата.
Избраниците на Лино Червар се надеваат на влез во осминафиналето. Тоа може да биде потврдено доцна попладнево, но само доколку Тунис загуби. Токму затоа, цела Македонија ќе навива за Словенија, а „црвено-жолтите“ во денот што им е за одмор, да се радуваат во нокаут фазата.
Македонија веќе има 4 бода, додека Тунис е со само еден поен од три меча. Евентуален нов пораз на африканската репрезентација, ќе значи и дефинитивно пласман на Македонија меѓу најдобрите 16 селекции во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.