Марк Клатенбург е најдобар светски судија за 2016 година во изборот на Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика. Британскиот арбитар имаше извонредна сезона во која ја делеше правдата на големото финале од Европското првенство во Франција, претходно и финалето од ЛШ меѓу Реал и Атлетико, како и финалето од ФА Купот на Англија.
Тој беспрекорно си ја заврши работата на трите битки за трофеите, па заслужено стигна до најголем број гласови од новинарите и стручњаците од 56 различни земји низ светот – дури 141 глас. Зад него се најде ланскиот победник Никола Рицоли со 65 бода, додека третопласиран во овој избор беше Виктор Касаи со 55 бода. Швеѓанецот Ериксон е четвртопласиран, а зад него се најдоа Турчнико Чакир, Холанѓанецот Кујперс и Германецот Феликс Брих.
За Клатенбург ова е огромен скок откако британскиот арбитар лани го освои само шестото место во изборот за најдобар судија за 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.