| четврток, 6 декември 2018 |

Милош Ранчиќ е најдобар атлетичар меѓу војската на Република Македонија

milos rancic 1

Традиционално веќе петта година по ред АРМ го доделува признанието Спортист на годината. Оваа година оваа награда заслужено оди во рацете на професионалниот војник Милош Ранчиќ, кој покрај тоа што веќе три години е припадник во АРМ, паралелно со неговата професионална работа тој е веќе петта година во врвот на македонската атлетика.

Неговата специјалност во кралицата на спортовите му се дисциплините планинско трчање, улични трки и трките на атлетска патека од 5.000 метри и 10.000 метри. Стандарден репрезентативец на Р.Македонија, учесник на многу светски, европски и балкански првенства а исто така и репрезентативец на АРМ и учесник на регионални првенства и на последната Воена олимпијада која се одржа во Мунгјонг , Ј.Кореа 2015 година.

milos rancic

Признанието за спортист на годината за 2016 година го доби сосема заслужено поради серија успеси на домашните и интернационалните натпревари. На регионалното воено првенство кое се одржа на Копаоник, Србија, тој го постигна најголемиот успех во досегашната историја на АРМ и освои сребрен медал. Минатата година стана државен првак во крос кантри и планинско трчање . Неколку пати настапи за државната репрезентација на меѓународни натпревари а најголем успех направи на светското првенство во планинско трчање кое се одржа во Сапарева Бања, Р.Бугарија каде од 150 натпреварувачи Милош го освои 68. место и оствари најдобар пласман за Р.Македонија на сите досегашни наши учества на светските првенства.

Милош во 2016 година победи на сите армиски трки а ја потврди својата титула армиски шампион во крос кантри за 2016 година кое се одржа во касарната Илинден. Новата сезона ја стартуваше со меѓународен настап во Белград на познатиот интернационален крос БЕЛИ КРОС каде во силна конкуренција го освои 8. место во конкуренција на околу 60 натпреварувачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top