| четврток, 6 декември 2018 |

Кметот на Центар Жерновски ги батали неисчистените улици и отиде да скија на Боровец (ФОТО)

zernovski

Откако ги батали неисчистени и замрзнати улиците во Центар, градоначалникот Андреј Жерновски замина да прослави Стара нова година, но не во некоја од кафеаните во своите прескапи боемски сокаци, туку на чист воздух на Боровец, во Бугарија.

14524947_530891303771884_8515729551093858394_o

Викендов на градоначалникот не му беше приоритетно управувањето со општината ниту тоа што жителите на Центар се револтирани што мораат самите да се справуваат со снегот и мразот на улиците, туку да се опушти во луксузниот хотел „Рила“, кој располага со затворен базен, сауни, повеќе спортски терени и игралишта и слични содржини.

15123407_549659681895046_7923926338611284988_o

Додека Жерновски безгрижно дише свеж планински воздух, во Македонија не спласнува интересот на јавноста колку чинат преплатените боемски улици, единствените „проекти“ на градоначалникот.  Жерновски е единствениот градоначалник кој им пружи на центарци за уживање 270 метри боемска улица која чини неверојатни 710.000 евра или за секој метар од оваа боемска улица галантниот градоначалник платил по 2629 евра за обичен бекатон.

boemska-2-custom

Боемска улица 2

Преспиениот мандат и неработењето на Жерновски кулминираше со уредувањето на втората боемска улица од 270 метри, улица која чини колку 3 градинки во општина Центар.

Според јавната набавка која ја склучила општина Центар проценетата вредност на договорот била 39.661.017  денари, додека пак целосната сума која е исплатена изнесува 43.632.737 денари или 4 милиони денари повеќе. Граѓаните заслужуваат Андреј Жерновски да им објасни на каде се потрошени тие 4 милиони денари.

За да биде уште поспектакуларна Боемската улица 2, Жерновски за уредување на дрворедот платил дури 860.000 денари, а колку од даноците што ги плаќаат граѓаните отишле на спектакл со увезени тамбураши се уште е мистерија.

Боемска улица 1

Боемска улица 1

Навиките кај Андреј Жерновски очигледно не се промениле. Исто како и за претходната Боемска улица, така и за оваа Андреј Жерновски потроши огромни суми на пари. Двете боемски улици чинат повеќе 1.2 милиони евра, изделени од џебот на центарци.

Со овие пари Жерновски можеше да реализира капитални проекти како градинки, улици, комунални системи и слично. Но, ништо од тоа.

Жерновски, покажа и докажа дека нему не му се важни граѓаните и нивните потреби. Нему му се поважни Боемските улици, тамбурашите, диџеите и секако скијањето на Боровец.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top