| четврток, 6 декември 2018 |

Начевски и Николов ќе го судат мечот меѓу Белорусија и Саудиска Арабија

nacevski - nikolov

Македонските судиии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски по успешно завршената работа на првиот меч на Мундијал, на кој беа делегирани помеѓу Германија и Унгарија, денес по вторпат ќе се појават на терените.

По утринското делегирање на Светскста куќа на ракометот, македонскиот судиски пар ќе ја дели правдата на натпреварот од групата Ц во Руан помeѓу Белорусија и Саудиска Арабија вечерва од 20.45 часот.

Највозбудливиот натпревар помеѓу Франција и Норвешка ќе го водат иранските судии Колаџивјан и Мусавјан, а првиот меч од третото коло во нашата група Ц помеѓу Исланд и Тунис ќе го судат Аргентинците Грило Лопез и Ленси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top