| четврток, 6 декември 2018 |

Корини: Ќе му помогнам на Несторовски да ја врати психо-физичката супериорност

ilija nestorovski

По одличната есен, притисокот врз најдобриот македонски фудбалер за 2016 година, Илија Несторовски сега е уште поголем. И во Палермо многу работи се очекуваат токму од прилепчанецот, кој ги претрпе првите критиките за натпреварот со Емполи минатата сабота, кога Сицилијанците загубија на „Кастелани“ со 1-0.

– За нас Несторовски е многу важен фудбалер и секогаш добро тренира. Мислам дека минува низ еден психо-физички пад на формата. Беше доведен како голгетер во едно поинакво првенство од нашето, сега знае дека голот е тоа што од него сите го чекаат. Секогаш добро играше и кога не постигнуваше голови, со исклучок на првото полувреме против Емполи. Беше уморен на тој меч, но полека се враќа. Треба да направи но психо-физички скок и јас ќе му помогнам тоа да го стори – смета тренерот на Палермо, Еугенио Корини.

Палермо денеска му гостува на Сасуоло во терминот од 15.00 часот. Несторовски е најавен во стартниот тим, а Трајковски веројатно натпреварот ќе го почне од клупата за резервни фудбалери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top