| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Сами си ја направивме нервозата, меѓутоа на крај се си дојде на свое место

makedonija rakomet

Ракометната репрезентација на Македонија ја забележа и втората победа на Светското првенство (СП) во Франција. Нашите ракометари извојуваа голема победа над Ангола (31-22), а капитенот Кире Лазаров

– Ова беше лажна слика за Ангола против Словенија. Ние знаевме дека не смее да се опуштиме, Ангола не е од врвот на светскиот ракомет, но има квалитет. Го видовме на видео снимки од нивни натпревари. Сами си ја направивме нервозата на почетокот, промашувавме зицери и грешки. Меѓутоа, на крај се си дојде на свое место. И покрај солидната партија има што за поправање. Постоеше некој притисок, не е воопшто лесно да се игра за Македонија кога се мора. Луѓето го сакаат спортот, очекувањата се големи, очите на јавноста се вперени кон нас и ги разбирам осцилациите – изјави Лазаров.

Покрај Ангола, Македонија го совлада и Тунис. Сега, ни следи натпревар со Словенија кој го играме за два дена.

– Секој натпревар е тежок сам за себе, одиме чекор по чекор. Ја респектираме Словенија, ја предаваме фаворитската улога. Беа на ОИ. Имаат играчи во поголеми клубови. Ќе се обидеме да се мотивираме и да ги изненадиме, иако воопшто нема да биде лесно – заклучи капитенот.

На дуелот против Анголците нашиот најдобар ракометар постигна 10 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top