| четврток, 6 декември 2018 |

Со текила против килограмите

Ако се обидувате да симнете неколку килограми, текила е добра идеја кога е во прашање алкохолот, бидејќи драстично го намалува внесот на празни калории кои инаку ги внесуваме со другите алкохоли.

Една студија на „Американ кемикал сосајети“ докажува дека постои врска меѓу текилата и слабеењето. Докажано е дека одредени шеќери во агава од која се произведува може да помогнат во намалување на нивото на шеќерот во крвта. Познат како агавинс овој шеќер произведува хормон кој го држи желудникот полн подолго време. Но, тој шеќер не смее никако да се меша со поимот „сируп од агава“ кој не предизвикува губење килограми.

Експериментите се спроведени на глувци кои добивале стандардна диета со вода во која се наоѓал агавинс. Глувците кои конзумиррале агавинс општо помалку јаделе и имале помало ниво на шеќер во крвта од глувците кои тоа не го конзумирале. Тој експеримент ги навел научниците да веруваат дека агавинс може да има исто влијание и кај човекот. Но, пиење текила во шеќерна маргарите не може да гарантира најдобри резултати. Затоа, нарачајте текила со лед, лимон и сол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top