Македонија стигна до голема победа над Тунис, па сега со улога на голем фаворит влегува во дуелот со Ангола, што ќе се игра утре во Мец со почеток во 20.45 часот. Лино Червар уште на прес-конференцијата по натпреварот со Тунис јасно ставо до знаење дека нема место за еуфорија, потенцирајќи дека нашите ракометарите самите на себе си се најголеми противници на утрешната средба.
– Ја гледавме Ангола и добро го анализиравме овој противник. Можам да кажам дека не стравувам од Ангола, туку од нас самите бидејќи сите вие добро знаете каков е менталитетот на овие балкански репрезентации. Јас станав светски првак во Португалија, а загубив од Аргентина само затоа што влеговме прелабаво, премногу тактизиравме. Не смееме да си дозволиме такво нешто, мораме да одиграме најдобро што знаеме и да стигнеме до нова победа. Не бркаме гол-разлика, најважно е да победиме. Натпреварот ќе го почнеме со најдобрите ракометари, а ако отвориме како што посакуваме потоа би направиле ротации и оние кои се лидери на нашиот состав би добиле заслужен одмор. Во секој случај, нема да калкулираме бидејќи целта е јасна, одиме чекор по чекор, го оставаме Тунис зад себе и ќе сториме се за да стигнеме до втора победа на овој шампионат – истакна Червар по вечерашниот тренинг на македонската репрезентација
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.