Најдобриот хрватски скијач на сите времиња Ивица Костелиќ по денешната слаломска трка во комбинација која се возеше во Венген изјави дека ова била негова последна трка во Светскиот куп.
Тој на крајот го зазеде за него слабото 22. место на омилената патека и со тој резултат се прости од белите снежни падини и од Светскиот куп.
Скијачот кој во својата кариера освои се што можеше да се осови, со бројни први места, подиуми и кристални глобуси по цели 18 сезони и повеќе од 20 операции на своето тело, реши да стави крај.
Тој на домашен терен на трката на Сљеме по новогодишните празници сепак најави дека ќе се обиде да ја санира повредата на коленото и да настапи на Зимската олимпијада што ќе се одржи следната година во Пјонгјанг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.