| четврток, 6 декември 2018 |

Усеин Болт ја истрча последната трка во родната Јамајка

Фановите на атлетиката во Јамајка денеска имаа можност за последен пат да го видат во живо Усеин Болт, кој ја истрча последната трка во својата татковина. Најбрзиот човек на сите времиња веќе најави дека по СП во Лондон во август ќе ја заврши својата кариера, па денешната трка во Кингстон беше последна за него во Јамајка, пред заминувањето на подготовки во Европа.

Тој ја мина „стотката“ за скромни 10.03 секунди, по што истрча почесен круг за да ги поздрави фановите кои го исполнија стадионот до последното место.

– Мислам дека никогаш досега не сум бил толку нервозен при трчање на 100 метри. Самата трка беше ОК, јасно дека можам многу подобро, но овде не стануваше збор за бркање на рекорд. Не очекував вакво нешто, полн стадион, искрено им благодарам на сите кои дојдоа да ми дадат поддршка – истакна Болт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top