Франческо Тоти, кој на 28 мај имаше спектакуларно простување од навивачите на Рома изјави дека нема да продолжи со активно играње и дека целосно се става на располагање на неговиот единствен клуб во кариерата.
– Првиот дел од мојот живот веќе е завршен. Сега започнува оној другиот, уште поважниот. Потребно ми е време за да сфатам која е улогата која најдобро ми одговара, но тоа ќе го направам чекор по чекор. Затоа се ставам на располагање на Рома, од младите играчи, па до нивниот претседател – изјави Тоти.
40-годишниот Тоти целата своја кариера ја помина во тимот од Рим. За „римската волчица“ дебитираше во 1992 година, а во текот на 25-годишната кариера забележа повеќе од 600 натпревари и постигна 250 гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.