Првпат од своето постоење во Скопската зоолошка градина ќе се вселат пингвини. Засега надлежните имаат преземено конкретни чекори за изградба на нивното живеалиште.
Надлежните велат дека нема никакви пречки идејата да се реализира. Точно е дека пингвините бараат посебни, карактеристични услови за живот. Но, надлежните тврдат дека се подготвени да обезбедат се што им е потребно на овие украсни птици. На пингвините им е потребна постојана, чиста, ладна вода, голем базен, карпести делови во него, песок…
Напролет ќе бидат донесени пингвини од ЗОО во Виена.
Портпаролот на Зоолошката градината, Даме Kузмановски вели дека поларните птици ќе бидат донесени кога ќе заврши изградбата на живеалиштето кое е во тек.
– Првин да го направиме, па потоа ќе се конкретизира и тоа колку пингвини ќе бидат донесени – истакна Kузмановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.