| четврток, 6 декември 2018 |

Кучето на Обама гризна гостин во Белата куќа

Кучката на семејството на американскиот претседател Барак Обама, Сани, гризнала за лице една млада гостинка во Белата куќа.

Гостинката, девојка од 18 години, пришла да ја помази Сани, но таа ја гризнала за лице.

Семејниот лекар Рони Џексон оценил дека раната треба да се шие. Девојката потоа на социјалните мрежи објави фотографии со рана на лицето.

Семејството Обама има две кучиња кој вообичаено не се агресивни. Постарото куче, Бо, како што се иницијалите на Обана има престижна титула на „прво куче“, а Сани има четири години, а името го добила по веселиот темперамент.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top