| четврток, 6 декември 2018 |

Заев, Јовановски, Шема и Наумов не го испија најавеното кафе

kire Неформалната средба на која ги поканив останатите претенденти за претседател на СДСМ, на која требаше да си пружиме рака за фер, демократска и сопартијска кампања, нема да се одржи бидејќи на мојата денешна повторна покана никој не одговори позитивно – вели Кире Наумов, четвртиот кандидат за лидер на најголемата опозициона партија.

Тој додава дека од СДСМ го известиле дека организирано претставување на програмите на кандидатите за претседател по општинските организации на СДСМ, кое беше предвидено во роковникот донесен од страна на Централниот одбор на СДСМ, нема да има. Оваа одлука била донесена  на вчерашниот состанок на Извршниот одбор.

– На овој начин им се скратува можноста на делегатите и на членовите на СДСМ, на јавни презентации, да бидат директно запознаени со програмите на кандидатите за претседател и да поставуваат прашања. Независно од тоа, јас ќе ги продолжам своите планирани активности со кои ќе се обидам да допрам и да ја презентирам сопствената програма пред  делегатите, членовите на СДСМ и пред целокупната јавност – додава Наумов.

Синоќа Зоран Заев, Зоран Јовановски и Игор Ивановски Шема се обидоа да се договорат некој од нив да се повлече од битката за лидер на СДСМ, со што ќе се намали бројот на кандидати. Но, тоа не се случи. Останува на 2 јуни, за кога е закажан партискиот конгрес, 705 делегати да го изберат новиот лидер на СДСМ од четворицата кандидати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top