Руските служби за расчистување не смеат да се изненадат. За само 24 часа, кога е потребно, на улиците во Москва излегуваат и повеќе од 7000 единици на специјалната техника за чистење снег и повеќе од 30.000 комуналци кои работат на расчистување на градот од снег и мраз, иако снежната покривка изнесува само три три сантиметри.
Дури и кога ќе напаѓа снег во Москва, коловозите се суви. Московјаните дури и не купуваат зимски гуми, без оглед на температурите и временската прогноза, бидејќи надлежните комунални служби работат беспрекорно.
Дури ни дневните температури од – 18 степени не им претставуваат пречка да го исчистат снегот и мразот од коловозите, тротоарите, паркинзите, дворовите, парковите и другите пешачки зони.
Градските власти мислат и на безбедноста на пешаците, па снегот не се чисти само од улиците, туку и од крововите на зградите. На зградите кои имаат рамни покриви има заштитна ограда која спречува снегот да падне на тротоарите и да повреди некого, а зоните околу косите покриви се оградуваат со столпчиња за да се спречи луѓето да се приближат во ризичната зона.
Комуналците работат вредно дури и по 24 часа, ако е потребно. Работното време им започнува во рана зора, во мртва темница, и во центарот и на периферијата на градот. Машините и возилата деноноќно го отстрануваат снегот од московските улици и ги посипуваатос о специјални еколошки хемикалии кои го топат мразот. Кога не паѓа многу снег, на улиците се ангажирани возила кои постојано го чистат снегот, вакуумски правосмукалки. Кога обилно паѓа снег, на улиците излегуваат дури 18.000 дампери и друга тешка машинерија.
За илустрација, на крајот на декември Москва беше окована во снег и мраз, што во еден моемнт го отежна движењето во сообраќајот и речиси го парализира градот. Преку ноќ паднале и до 20 сантиметри снег, но поради наносите и ветрот снегот достигнал и до 50 сантиметри. Комуналните служби само за еден ден од градот изнеле околу 200.000 кубни метри снег на специјални депонии на кои се обработува снег. Во тој подвиг учествувале повеќе од 10.200 возила.
Се случува за еден ден од руската престолнина да бидат извезени и половина милион кубни метри снег, кој се топи на специјални депонии со еколошки реагенси, се пречистува и се одлева во специјални базени, од каде што се влева во реката Москва. Освен стационирани депонии топилници, во Русија работат и мобилни, кои го топат и пречистуваат снегот во од. Интересно е дека кога ги чистат паркинзите, службите ги препаркираат возилата што им пречат, а потоа ги враќаат на своето место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.