| четврток, 6 декември 2018 |

Само гол негатива по првото полувреме, Македонија има игра за победа против Тунис

Makedonija ceska rakomet (19) (Large)

Македонија го има своето деби на Светското првенство во Франција. Во првиот натпревар „црвено-жолтите“ играат против стариот познаник и должник репрезентацијата на Тунис.

Избраниците на селекторот Лино Червар одлично го започнаа натпреварот и во два наврати има минимална предност уште на самиот старт од мечот. Во продолжение Кире и другарите кои речиси целото прво полувреме играат со играч повеќе во нападот на сметка на нашиот голман играат гол за гол.

Судиската двојка од Јужна Кореја очигледно не е на висина на задачата и своето незнаење го покажуваат со тоа што им одземаа минимум пет топки на нашите репрезентативци.

Тактиката со седум играчи во поле вродува со плод и се остава повеќе простор за сити линии од нападот. Капитенот Лазаров со четири гола е најдобар стрелец. Единствен проблем досега е десното крило Гоце Георгиевски кој дури четири пати се обиде и не успеа да го совлада гостинскиот голман кој нанижа 10 одбрани по првите 30 минути.

Очигледно оваа „нова Македонија“ игра сосема различен ракомет од тоа што сме навикнале да го гледаме досега и е во тек со светските ракометни трендови. Со ваква игра љубителите на ракометот може да се надеваат на успех на овој светки шампионат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top