Можеби беа претпалзливи пред мечот со Ангола, но словенечките ракометари покажаа класа и со победата од 42-25, не само што си направија одлична клима, туку и зачуваа многу енергија за дуелот против Исланд во второто коло. Логично беше новинарите да побараат совет од нашиот некогашен селектор Веселин Вујовиќ, сега предвоник на „змајчеките“ за тоа како да се победи третата африканска сила в сабота.
– Сигурен сум дека Лино знае како со Ангола, играјте како што ние игравме денес против нив. Се шегувам, но знам дека знаете како со нив. Многу се подготвуваме за првиот меч на Мундијалот и на почетокот имавме проблеми дури да ја наместиме одбраната. Потоа, се консолидиравме, одигравме како што се подготвуваме и заслужено лесно победивме. Одиме по планот, сега Исланд ни е во мислите. Тие се цврсти и мечевите со нив се секогаш тешки – рече Вујовиќ по победата над Ангола.
Денеска Македонија ќе се сретне со Тунис, а првото коло во групата во Мец ќе го затворат Шпанија и Исланд вечерва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.