Четириест луѓе починаа за една недела од хипортермија во Украина, а над 800 се повредени, изјави денеска шефицата на украинската Служба за брза помош, Тетјана Тимошенко.
Таа наведе дека до утрово 869 лица побарале здравствена помош, а 753 од нив се хоспитализирани, а до вчера бројот на жртви изнесувал 29, а денеска 40 луѓе починале од студ.
– Во изминатите 24 часа починаа 11 луѓе од хипортермија, првенствено во Ровенска, Лвовска и Николаевска област. Поголем број од жртвите биле пијани, наведе Тимошенко.
Од шести јануари во некои украински области температурата се спушти од минус 20 до минус 25 степени Целзиусови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.