Новите истражувања покажуваат дека највисоките слоеви на Земјината атмосфера реагираат и дека светот го очекува огромен студ.
– Очигледен е трендот на ладење. Високо над Земјината површина, нашата атмосфера ја губи топлотната енергија. Доколку сегашните трендови продолжат, горните слоеви на атмосферата наскоро би можеле да станат рекордно студени, односно најстудени во космичката ера – изјавил Мартин Млинчак од истражувачкиот центар „Ленгли”.
Овие податоци ги открил инструментот „Сајбер” кој се наоѓа на сателитетот „Тајмд” на НАСА. Тој ги следи емисиите на јаглерод диоксид и азот оксид, две супстанци кои играат важна улога во енергетскиот биланс на воздухот од 100 до 300 километри над површината на нашата планета.
Кога 11-годишниот циклус се приближува кон крајот, термосферата е близу до тоа да биде рекордно студена. Млинчак вели дека тоа би можело да се случи за неколку месеци од сега.
Неодамнешните студии на Млинчак и неговите соработници прикажуваат дека состојбата на термосферата варира во зависност од сончевите циклуси, а варијациите можат да се опишат со помош на пет едноставни изрази: “многу студено”, “студено”, “неутрално”, “топло” и “многу топло”. Нам не’ очекува период на “многу студено”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.