| четврток, 6 декември 2018 |

Обичајното право не е посилно од Уставот

Пла­тфор­ма­та на ал­бан­ски­те пар­тии, со ко­ја од ид­ни­те ма­ке­дон­ски парт­не­ри во Вла­да­та се ба­ра­ат ма­кси­ма­ли­стич­ки на­ци­о­нал­ни бе­не­фи­ции са­мо за Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја, мо­же да би­де по­че­ток на ед­но те­мел­но ре­де­фи­ни­ра­ње на Ма­ке­до­ни­ја. По­сто­јат два на­чи­на пре­ку кои Ма­ке­до­ни­ја мо­же да ја про­ме­ни сво­ја­та ре­ал­ност во од­нос на ал­бан­ско­то пра­ша­ње. Ни­ту еден од два­та на­чи­ни на про­ме­на на акту­ел­ни­те од­но­си во оп­штес­тво­то не мо­же да до­не­се до­бро за ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни. Пр­ви­от на­чин ре­чи­си си­гур­но во­ди во конф­ликт, кој лес­но мо­же од ет­нич­ки да пре­рас­не во оп­шта вој­на на иде­о­ло­шки, на­ци­о­на­лен, вер­ски и пар­ти­ски план. Вто­ри­от на­чин, исто та­ка, е за­ка­на за ста­бил­но­ста на Ма­ке­до­ни­ја за­тоа што гу­бе­ње­то на стек­на­ти­те пра­ва на Ал­бан­ци­те со Охрид­ски­от до­го­вор мо­же да го мо­би­ли­зи­ра не са­мо ал­бан­ски­от фа­ктор во Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку и во со­седс­тво­то и во ди­јас­по­ра­та, по што лес­но мо­же да ни се по­вто­ри 2001 го­ди­на

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Пр­ви­от вид ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та мо­же да се слу­чи до­кол­ку Зо­ран За­ев и СДСМ јав­но ги при­фа­тат си­те ба­ра­ња на ДУИ, БЕ­СА и на Али­јан­са­та на Ал­бан­ци­те и со тоа ја пре­тво­рат Ма­ке­до­ни­ја во би­на­ци­о­нал­на др­жа­ва во ко­ја Ал­бан­ци­те би до­би­ле фор­мал­на др­жа­во­твор­ност иа­ко до­бар дел од нив од не­за­вис­но­ста (Или­ри­да, конф­ли­ктот во 2001, ве­лиг­ден­ски­от ма­сакр кај Смиљ­ков­ско Езе­ро и Ку­ма­но­во) упор­но се бо­рат про­тив др­жа­вен со­јуз со сво­и­те бра­ќа во Ко­со­во и во Ал­ба­ни­ја. По­го­ле­ми­от проб­лем е во тоа што во ва­кво­то сце­на­рио се бе­га од гра­ѓан­ска во иск­лу­чи­во ет­нич­ка Ма­ке­до­ни­ја.

До­кол­ку ли­де­рот на СДСМ не сфа­тил де­ка не­го­ви­от по­ли­тич­ки ко­мар ста­ну­ва са­мо­у­бис­твен и на ште­та на ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва и по се­ко­ја це­на про­дол­жи да го ури­ва Ни­ко­ла Гру­ев­ски без да се гри­жи за пос­ле­ди­ци­те по уни­тар­но­ста на Ма­ке­до­ни­ја, лес­но мо­же да се со­о­чи со бра­то­у­бис­тве­на вој­на за­тоа што ре­вол­тот на дел од Ма­ке­дон­ци­те во овој слу­чај не е и не­ма да би­де на­со­чен кон Ал­бан­ци­те, кои раз­бир­ли­во се бо­рат за сво­ја­та ка­у­за, ту­ку кон За­ев чи­и­што оби­ди за де­мон­ти­ра­ње на ВМРО-ДПМНЕ мо­жат да ја нич­ко­са­ат це­ла Ма­ке­до­ни­ја.

За­ев офи­ци­јал­но ја пре­мол­чи пла­тфор­ма­та на ал­бан­ски­те пар­тии и со тоа ни пра­ти по­ра­ка де­ка таа мо­же да е при­фат­ли­ва за не­го. Со тоа, исто та­ка, ис­пра­ти по­ра­ка ко­ја е ка­та­стро­фал­на за се­кој нор­ма­лен гра­ѓа­нин на Ма­ке­до­ни­ја: пла­тфор­ма­та мо­же да е до­бра ако не­го­ва­та пар­ти­ја дој­де во си­ту­а­ци­ја да пре­го­ва­ра за но­ва вла­да. Ло­гич­но е де­ка таа мо­же да би­де при­фа­те­на ако е пре­дус­лов за фор­ми­ра­ње вла­да без Ни­ко­ла Гру­ев­ски. Се раз­би­ра, пла­тфор­ма­та ќе би­де отфр­ле­на ако ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ на­пра­ват вла­да, при што со­се­ма си­гур­но За­ев то­гаш, ка­ко го­лем па­три­от, ќе го на­па­ѓа нај­го­ле­ми­от по­ли­тич­ки ри­вал Гру­ев­ски де­ка, за раз­ли­ка од не­го, по­пу­штил и пре­дав­нич­ки ги ис­пол­нил ба­ра­ња­та на Ах­ме­ти и оста­на­ти­те. За­ев при­тоа не е све­сен де­ка та­кви­те сит­ни по­ли­тич­ки три­ко­ви не ми­ну­ва­ат кај гра­ѓа­ни­те и де­ка еден ден ќе мо­ра да од­го­во­ра зо­што си играл со ма­ке­дон­ска­та су­ве­ре­ност.

 

Нај­го­ле­ма­та опас­ност за Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја

Вто­ро­то мож­но ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та не им оди во при­лог, пред сѐ, на тие што во Ти­ра­на и во При­шти­на се оби­доа да до­го­во­рат ка­ко ќе се во­дат ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва и по­ли­ти­ка. Тие што им ги ди­кти­раа па­ра­фи­те на Ах­ме­ти, Се­ла и на Ка­са­ми, мо­ра­ле да зна­ат де­ка по­диг­ну­ва­ње­то на на­ци­о­на­ли­стич­ки­от влог во ма­ке­дон­ски­те по­ли­тич­ки игри, мо­ти­ви­ра­но од ве­ту­ва­ња­та на За­ев, мо­же да пре­диз­ви­ка то­та­лен де­бакл на пра­ва­та што Ал­бан­ци­те ги цр­пат од за­ко­ни­те, оби­чај­но­то пра­во и од ста­ти­стич­ки­те гре­шки. Со тоа ќе на­стра­да­ат и ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни за­тоа што е јас­но де­ка гу­бе­ње­то на стек­на­ти­те пра­ва на Ал­бан­ци­те со Охрид­ски­от до­го­вор и те­ри­то­ри­јал­на­та по­дел­ба од 2005 го­ди­на не мо­же да до­не­се ни­што до­бро за це­ла Ма­ке­до­ни­ја.

На­ви­сти­на е не­јас­но зо­што Али Аме­ти, кој во пос­лед­ни­те 15 го­ди­ни отка­ко од ко­ман­дант ста­на по­ли­тич­ки ли­дер по­сто­ја­но во­ди ре­ла­тив­но ко­рис­на по­ли­ти­ка за Ал­бан­ци­те, се­га се до­ве­де во си­ту­а­ци­ја да го ри­зи­ку­ва се­то тоа што ал­бан­ски­те пар­тии за­ед­но со стран­ски­от фа­ктор ѝ го до­не­соа на за­ед­ни­ца­та над 20 про­цен­ти. Еден од глав­ни­те ри­зи­ци за нив ле­жи ток­му во про­цен­ти­те, од­нос­но во ста­ти­стич­ка­та по­ли­ти­ка што се во­ди во Ма­ке­до­ни­ја по 2001 го­ди­на ко­га вто­ри­от по го­ле­ми­на „дел од на­ро­дот“ во Ма­ке­до­ни­ја до­би пра­ва ка­кви што са­мо мо­жат да со­ну­ва­ат Тур­ци­те, Ср­би­те, Ро­ми­те и оста­на­ти­те за­ед­ни­ци.

Ал­бан­ски­те пар­тии со пла­тфор­ма­та ќе пре­диз­ви­ка­ат не­ми­нов­но кон­тра­ба­ра­ње од ма­ке­дон­ски­от блок, по­точ­но од ВМРО-ДПМНЕ (иа­ко и СДСМ збо­ру­ва на оваа те­ма), за ко­неч­но спро­ве­ду­ва­ње на по­пи­сот од кој за­ви­сат ко­ле­ктив­ни­те пра­ва на ал­бан­ска­та за­ед­ни­ца во Ма­ке­до­ни­ја. Одеј­ќи по ло­ги­ка­та де­ка Ах­ме­ти не са­ка по­пис по­ра­ди тоа што точ­но знае де­ка Ал­бан­ци­те се под по­треб­ни­те 20 про­цен­ти за за­др­жу­ва­ње на нив­ни­те пра­ва, јас­но е де­ка оп­ста­но­кот на пла­тфор­ма­та за­ви­си од спро­ве­ду­ва­ње­то по­пис. По­ед­но­став­но ка­жа­но, ако Ах­ме­ти са­ка пла­тфор­ма, ќе мо­ра да се сог­ла­си на по­пис. Ако не са­ка по­пис, ќе мо­ра да ја за­бо­ра­ви пла­тфор­ма­та.

 

Оби­чај­но­то пра­во не е по­сил­но од Уста­вот

Дру­га­та по­го­ле­ма опас­ност за Ал­бан­ци­те е по­ни­шту­ва­ње на „Мај­ски­от до­го­вор“ од 2008 го­ди­на со кој Ах­ме­ти се об­вр­за да ко­а­ли­ци­ра со нај­го­ле­ма­та ма­ке­дон­ска пар­ти­ја. До­кол­ку тој под при­ти­сок или по­ра­ди свои ин­те­ре­си се отка­же од тој до­го­вор, ри­зи­ку­ва да се отка­же од си­те дру­ги до­се­гаш­ни пи­ша­ни и не­пи­ша­ни пра­ви­ла во ма­ке­дон­ска­та по­ли­ти­ка. Ова е осо­бе­но важ­но за­тоа што тој и не­го­ви­те „бра­ќа по крв“ се по­ви­ку­ва­ат на Уста­вот и на за­ко­ни­те, од­нос­но на Охрид­ски­от рам­ко­вен до­го­вор. А ни­ту во Уста­вот ни­ту во за­ко­ни­те не се спом­ну­ва де­ка по­бед­ни­кот на из­бо­ри­те мо­ра да ко­а­ли­ци­ра со не­ко­ја дру­га пар­ти­ја од ко­ја би­ло за­ед­ни­ца.

Со дру­ги збо­ро­ви, оби­чај­но­то пра­во спо­ред кое во Вла­да­та се­ко­гаш има­ло и ал­бан­ска пар­ти­ја се­га мо­же да пад­не во во­да. Со по­ни­шту­ва­ње­то на си­те до­се­гаш­ни до­го­во­ри и пра­ви­ла што ги при­фа­ти­ле Ал­бан­ци­те и Ма­ке­дон­ци­те не­ма­ат об­вр­ска да се при­др­жу­ва­ат на ра­бо­ти­те кои ни­ту се устав­на ка­те­го­ри­ја ни­ту, пак, се дел од не­ка­ков устен или пис­мен по­ли­тич­ки до­го­вор.

Се раз­би­ра, ни­кој не по­са­ку­ва да дој­де до оваа ра­бо­та за­тоа што е јас­но де­ка од­зе­ма­ње­то на стек­на­то­то пра­во на Ал­бан­ци­те да би­дат се­ко­гаш дел од вла­ста, без раз­ли­ка да­ли осво­ју­ва­ат 27, 20 или 5 пра­те­ни­ци, мо­же да до­ве­де до но­во кр­во­про­ле­ва­ње, но тие мо­ра да зна­ат де­ка Ма­ке­дон­ци­те по 26 го­ди­ни не­за­вис­ност не­ма да се сог­ла­сат нив­на­та ид­ни­на да се кре­и­ра во Ти­ра­на, При­шти­на или во Ма­ла Ре­чи­ца без да ги иско­ри­стат си­те пра­ва што им ги да­ва­ат Уста­вот и за­ко­ни­те. Ду­ри и ако во таа би­тка Ах­ме­ти, Се­ла и Ка­са­ми ја има­ат под­др­шка­та од За­ев, кој два де­на отка­ко си­те пис­ме­ни лу­ѓе во зем­ја­ва ја иско­мен­ти­раа пла­тфор­ма­та, сѐ уште че­ка­ше да до­бие офи­ци­ја­лен до­ку­мент за да се из­јас­ни за неа.

(Текст објавен во 228. број на неделникот Република, 13.01.2017)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top