Проектот за 100 нови градинки беше предвиден во „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните на предвремените парламентарни избори покажаа дека имаат доверба во програмата, смета претседателката на Унија на жени од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.
-Факт е дека граѓаните дадоа доверба на програмата „Реално“, односно 455.000 граѓани веќе се изјаснија и гласаа за Коалицијата за подобра Македонија и програмата Реално- изјави Рангелова и додаде дека Владата во изминатиот период се залагаше за отворање на нови градинки.
-Во моментот се сместени околу 36.000 деца, но 5.5000 родители чекаат да ги сместат децата во градинките, од каде се појави реална потреба за отворање на нови градинки- посочи Рангелова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.