| четврток, 6 декември 2018 |

Несовесни студенти ги уништуваат новите лифтови во студентските домови (Фото)

liftovi640

Несовесни студенти ги вандализираа новите лифтови во државните студентски домови само неколку месеци по нивното поставување.

По оштетувањето на новоинсталираните лифтови во „Кузман Јосифовски-Питу“ и во „Гоце Делчев“, каде што студенти предизвикаа и дефект на сигурносната врата, до Курир.мк пристигнале фотографии од лифтовите во студентскиот дом „Пелагонија“ во општина Кисела Вода, на кои може да се види дека целосно е уништена внатрешноста на кабината, па се добива впечаток дека лифтот е во употреба неколку децении, иако сѐ уште не е изминат ниту неговиот гарантен период.

lift-5

Но, гаранциите кои ги даваат производителите се за проблеми и дефекти кои би се случиле од технички аспект, а не за проблеми со домашното воспитување и чувство на одговорност од страна на оние кои наместо лифтовите да ги користат за возење, ги користат за излевање на фрустрации, бес и нервоза и ги уништуваат.

Инаку, лифтовите беа набавени од страна на Министерството за образование и наука пред само неколку месеци по поплаките дека во одредени студентски домови лифотвите не работат.

lift-4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top