Француски суд денеска издаде наредба за ослободување од притовор на поранешниот косовски премиер и актуелен лидер на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, јави Б92.
Судот решаваше по барањето на српските власти за негова екстрадиција во Србија, која го товари за воени злосторства.
Министерството за правда на Србија вчера кон барањето за екстрадиција достави и нови докази против Харадинај.
– Дополнувањето на барањето за екстрадиција на Харадинај ќе биде испратено денеска – изјави вчера српската министерка за правда, Нела Кубуровиќ, истакнувајќи дека Србија го бара Харадинај за злосторства над цивили во 1999 година за кои не му се судело во Хаг.
Од друга страна, како што јави РТК, косовското Собрание побара ослободување на Харадинај со оценка дека во прашање е монтиран политички процес против него.
Харадинај беше приведен минатата среда на аеродромот Милуз во францускиот дел на Базел, врз основа на потерница издадена од Србија во 2004 година и од тогаш се наоѓаше во притвор.
Тој во Србија е осомничен за воени злосторства врз цивилното населени во Дукаѓини во 1998 и 1999 година, кои не се опфатени со обвинението на Хашкиот трибунал, од кое тој е правосилно ослободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Падна договор во Брисел: Нема размена на територии меѓу Косово и Србија
-
Швајцарски „Ноје Цирихер Цајтунг“: Како поранешниот косовски воен лидер Харадинај стекна толку големо богатство?
-
Харадинај: Ако Собранието го укине Специјалниот суд, Владата ќе го почитува тоа
-
Дачиќ: Ќе му се извиниме на Харадинај ако не добива редовно ручек во затвор