
Младите судии Ли Сеок и Ко Бонок од Јужна Кореја се делегирани да ја делат правдата на натпреварот помеѓу Македонија и Тунис во Мец, во првото коло од групата Б на Светското првенство во Франција.
Се работи за млада судиски двојка, која вторпат ќе води натпревар од еден мундијал и која е релативно непозната за нашата јавност. Натпреварот треба да мине во атмосфера на многу туниски навивачи во градот, а попладнево и во арената.
Мечот Македонија – Тунис е втор во денешната програма во Мец и започнува во 17.45 часот. Претходно од 14 часот играат Словенија – Ангола, а подоцна во вечерниот термин од 20.45 се игра дербито во групата меѓу Шпанија и Исланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


