Легендарниот Роналдињо Гаучи си напиша писмо на себеси, а „Плејерс трибјун“ го објави. Тој ја опишува целата своја кариера и открива непознати погледи за животот и за неговата кариера.
-Таму каде што живееш, во Порто Алегре има многу банди и дрога. Ќе ти биде тешко, но се додека играш фудбал, на улица, во паркот и со своето куче, ќе бидеш сигурен. Да, со своето куче бидејќи е одличен голман – пишува Роналдињо.
-Ќе играш со Роберто и со другите деца, но и со старата екипа во паркот. Но, на крајот сите ќе се уморат, а ти ќе продолжиш да играш. Погрижи се за твоето куче Бомбо секогаш да биде до тебе. Тоа е вистинско бразилско куче, па дури и кучињата во Бразил сакаат фудбал. Ќе ти биде одличен партнер за вежбање дриблинзи, а можеби и прва жртва на твојот елестик.
Во писмото пишува и за Меси.
-Во Барселона ќе чуеш за едно дете од младинскиот погон. Го носи бројот десет, како и ти. Низок е и вешт е со топката исто како и ти. Ти и твоите соиграчи од првиот тим ќе одите да го гледате на натпреварите од помладите категории и веднаш ќе знаеш дека ќе биде голем играч. Тој е поинаков. Се вика Лео Меси. Дури и кога ти ќе заминеш меѓу фристајлерите во Барселона ќе остане тој Меси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Роналдињо има само 6 eвра на сметка
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)