Парапсихологот Мевлудин Дуванчиќ, кој уште го нарекуваат и балкански Нострадамус, во емисијата кај Огнен Амиџиќ раскажал дека оваа година ќе биде фатална за многу бракови и врски на балканските ѕвезди.
Така, Северина и Игор Којиќ ќе го завршат својот брак, а извесено е и раскинувањето на Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ.
Тој ја потсетил јавноста на работите кои ги предвидел, а навистина се случиле.
– Предвидев дека Халид Бешлиќ ќе има тешка сообраќајна несреќа. Кога тоа се случи Халид беше во кома и многумина мислеа дека нема да се извлече. Дури и лекарите беа скептични. Јас се јавив на неговото семејство и им реков дека ќе се разбуди за три дена и дека ќе може да јаде сам. Така и се случи – раскажал Мевлудин.
Тој своевремено, додека Северина беше во вонбрачна зедница со Милан Поповиќ, рече дека тие ќе се разделат и тоа штом пејачката роди син.
-Кога тоа го кажав имав закани од Поповиќ, и имаше сешто – рекол парапсихологот.
Додека параспихологот зборувал за тоа што се очекува од познатите во иднина, гостинката на Огнен, Маја Николиќ се пошегувала и го прашала за иднинатата на Огнен Амиџиќ, односно дали ќе остане во брак со манекенкатата Даниела Димитровска.
-Па нема ни тие да останат заедно. Така јас гледам – рекол Мевлудин.
После ова на Маја и станало непријатно, а Амиџиќ останал без текст.
Балканскиот Нострадамус тврди дека Ана Николиќ ќе има девојче, но и дека треба да се пази од спонтан абортус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!
-
Јас едноставно се навикнав: Порно фотографиите на Северина ја шокираа нацијата, а Кеба реагираше вака!