Со вечерашниот дуел меѓу Франција и Бразил и официјално ќе биде означен почетокот на 25.Светско ракометно првенство во ракомет. Македонија ќе игра во групата Б во Мец, заедно со Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд. Пласман во осминафиналето на СП обезбедуваат првите четири репрезентации од секоја група, последните две селекции во групата продолжуваат во „Президент купот“.
За македонската репрезентација ова ќе биде петти настап на ракометните мундијали, трет во серија. Македонија дебитираше на СП во Египет во 1999 година, а потоа настапи на СП 2009 во Хрватска, СП 2013 во Шпанија и на СП 2015 во Катар. Капитенот Кире Лазаров е единствен ракометар од актуелниот состав на Македонија што играл на сите пет светски првенства.
СП во Франција ќе биде прво големо натпреварување за Македонија под водство на Лино Червар како селектор. Во составот за Франција, ќе има неколку дебитанти. Од досега стандардните репрезентативци кои беа дел од националниот тим на сите европски и светски првенства во поседните десет години, во македонската репрезентација ќе го нема Наумче Мојсовски кој ја заврши кариерата, ќе го нема и првиот голман, Борко Ристовски и Ацо Јоноски кои селекторот Червар ги изостави од репрзентативниот состав.
Распоред на натпреварите:
ГРУПА Б (МЕЦ)
1.коло :
четврток, 12 јануари
17.45 ч. МАКЕДОНИЈА – Тунис
2.коло:
сабота, 14 јануари
20.45 ч. Ангола – МАКЕДОНИЈА
3.коло:
понеделник, 16 јануари
17.45 ч. Словенија – МАКЕДОНИЈА
4.коло:
среда, 18 јануари
20.45 ч. МАКЕДОНИЈА – Шпанија
5.коло:
четврток, 19 јануари:
17.45 ч. МАКЕДОНИЈА – Исланд
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.