Фолк пејачот Миле Китиќ изминативе денови направи вистинска мешаница, кога на негов настап сите гости се „здрвиле“ од алкохол.
-Миле го обожаваат сите, па на неговиот настап сите добро се напиле, а тој со своите песни ги натерал малку повеќе да посегнат по алкохол, што ги чинело дебела парична казна – рекол извор од лице место и додал:
-Токму таа вечер кога настапувал Миле, спроведена е акција во која сообраќајната полиција ги контролирала возачите во алкохолизирана состојба. Истата вечер врачени се преку 100 казни и прекршочни пријави, па возачите биле бесни на Китиќ, кој со својата песна ги натерал да посегнат по повење алкохол од дозволеното. Настапот на Китиќ ги удри дебело по џеб- завршил соговорникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.