Прославената ракометарка Светлана Цеца Китиќ со месеци наназад минува низ животна драма, со оглед на тоа дека и се заканува одземање на станот поради долг од 66.000 евра кој го има кон банката, а нема пари да го исплати.
Покрај големите финансиски и егзистенцијални проблеми, Цеца Китиќ последниве недели е со влошена здравствена состојба, па минува низ пекол.
Сепак се појави надеж дека ќе може ја пролонгира исплатата на долгот и на тој начин да го избегне исфрлањето од станот, но несигурноста дали во тоа ќе успее, создала нова драма во нејзиниот живот.
-Денеска чекам да видам дали банката ќе ми даде два, три месеци да соберам пари. Или ќе треба да влезам во реално шоу или да ги ширам нозете? Тоа изгледа е единствен начин во Србија да се заработат пари, бидејќи мозокот не функционира – рекла некогашната ракометарка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.