| четврток, 6 декември 2018 |

Еден од најтоплите градови на Црногорското приморје утринава се разбуди во снег

Херцег Нови, еден од најтоплите и најубавите градови на Црногорското приморје, утрово осамна под снег.

Локалните медиуми од тој град јавуваат дека снегот почнал да паѓа во 6.40 часот и дека до 8.00 часот наврнале околу 5 цантиметри снежен покривач.

„Снегот го покри тлото. Морски брег со снег, градини, покривите на Нови, ретка глетка. Снегот одамна на паднал. Навистина, на 5. јануари со силен ветер само провеа снег, ама денеска се покри, јавуаат тамошните медиуми.

Работниците од „Чистота“ веднаш излегле на улиците, ги чистат тротоарите, а работниците од јавното комунално претпријатие наскоро ќе фрлат ризла и сол за да го спречат лизгањето во случај на голомразица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top