Единаесет лица загинаа при напад на домот на гувернерот на јужната авганистанска провинција Кандахар, јави ДПА.
Нападот бил извршен за време на состанокот на гувернерот со амбасадорот и други дипломати од Обединетите Арапски Емирати.
Осум лица се повредени, а меѓу нив се амбасадорот и гувернерот.
Според локалната телевизија „Толо њуз“ во нападот се убиени девет лица.
Началникот на полицијата во провинцијата, наведе дека има 12 повредени лица и уште толку загинати.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Нападот е извршен по само неколку часови откако се случи двоен напад со близу 40 жртви во главниот град Кабул и експлозија во провинцијата Хелманд во која загинаа најмалку седум лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.