Најновите сведоштва на мигрантите, кои го преживеаја бродоломот во Медитеранот, укажуваат дека во последните 48 часа при потонувањето на два гумени чамци загинале 240 лица.
Најновите информации за жртвите е од Агенцијата за бегалци на Обединети нации (УНХЦР) од 15 преживеани мигранити, кои тврдат дека во понеделникот се удавиле или исчезнале 135 луѓе, додека вчера загинале 95 лица.
Во двете несреќи, девет луѓе веднаш загинале, додека 10 биле забележани како се дават, но спасувачите не можеле да ги извлечат од море.
Мигрантите биле по потекло од субсахарска Африка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.