| четврток, 6 декември 2018 |

Загинаа 12 мигранти обидувајќи се да стигнат до Лезбос

Во близина на брагот на Турција потона брод со бегалци при што се удавија 12 луѓе додека 25 се спасени.

Турската крајбрежна стража извлекла тела од дрвен брод кој пловел од брегот кај Ајвалик кон грчкиот остров Лезбос, јави Анадолија. Спасувачките тимови успеале да спасат 25 луѓе од бродот кој тонел и кои испраќале повик за помош преку мобилни телефони.

Не е наведена националноста на мигрантите.

Повеќе од 3.000 мигранти и бегалци загинаа оваа година додека се обидуваа да стигнат до Европа, а најголем дел од нив се удавија во Медитеранот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top