| четврток, 6 декември 2018 |

Поднесено обвинение за 11 лица уапсени во акцијата „Ќелија“

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција вчера до Основен суд Скопје 1 – Скопје поднело обвинителен акт за предметот познат под полициска акција „Ќелија“.

apsenje_201322012577

Во овој случај 11 лица се обвинети за делото учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации од чл.322 а од Кривичниот законик.

Како што е наведено во соопштението од Кривичниот суд, обвинението е дадено на постапување кај Совет за оценка на обвинителен акт при овој суд.

На сите 11 обвинети лица, кривичниот совет им го продолжил притворот во траење од 30 дена.

Во полициската акција „Ќелија“, која беше спроведена на почетокот на август минатата година, беа уапсени девет лица што беа поврзани со регрутација и логистика за странски терористички организации, а во продолжението на истрагата беа уапсени уште две лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top