| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ ќе гради три нови подземни сообраќајници во Скопје

-ВМРО-ДПМНЕ на штотуку завршените парламентарни избори на 11 декември вети низа на реални проекти, кои што  ќе ги решат проблемите на граѓаните на Република Македонија, изјави Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

-За граѓаните на градот Скопје од исклучителна важност се три проекти и тоа три подземни собраќајни проекти кои што ги ветивме во нашата програма „Реално“. Првата подземна сообраќајница ќе биде отпочната од Народната Банка на РМ и ќе завршува кај Владата на РМ. Втората ќе биде  сообраќајница на две нивоа кај трговскиот центар Мавровка или кај Судската палата и третата подземна сообраќакница ќе биде онаа која што ќе се изгради кај Јужен Булевар.  Со оваа ќе се намали сообраќајниот метеж кои што го чувствуваат граѓаните на градот Скопје и ќе се реши еден  долгогодишен проблем на граѓаните на градот Скопје со побрз проток на возилата на територијата на градот Скопје, а особено околу централното градско подрачје.

danev-640x262Тој вели дека со овој проект, како и и со останатите ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија уште еднашка докажува дека апсолутно само со реални проекти се решаваат проблемите на граѓаните и на градот Скопје и на Република Македонија. А ова се проекти од кои од исклучителна важност ќе имаат сите граѓани на Република Македонија без разлика на нивната национална, весрска и политичка припадност, вели тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top