| четврток, 6 декември 2018 |

Добил отказ од фабрика, а по 10 дена потпиша за Арсенал

bramal_f

Младиот фудбалер Коен Брамал (20) кој во овој трансфер период премина во Арсенал од нисколигашот Хеднесфорд, само десетина дена пред да потпише за славниот англиски клуб, добил отказ во фабриката за автомобили каде работел.

– Работев во Кру за Бентли Моторс. На производната трака сипував масло за кочниците, течност за чистење на стаклата и слично. Така секој ден од понеделник до петок од 6 со 17 часот. Си работев за дневница, тренирав 3 пати неделно, а игравме во сабота. На 20 декември ми беше кажано дека не сум повеќе потребен и дека сум вишок. Навистина ми беше тешко, изјавил Брамал.

Повикот кој го добил неколку дена по лошата вест и тоа како го изненадил.

– Веќе почнав да барам нова работа кога добив повик од еден менаџер кој ми понуди проба во Арсенал. Потоа дознав дека тој бил скаут на „топчиите“ кој не гледал две недели претхдно. Се спремив набрзина и за еден час бев во кампот на Арсенал, раскажува тој.

Шокот кој го доживел таму бил уште поголем кога тренерите го упатиле на тренинг со првио тим.

– Очекував дека ќе ме пратат во младинската екипа, а завршив со првиот тим. Не можев да верувам. До вчера ги гледав тие играчи на ТВ и на интернет, а сега тренирам со нив. Дени Велбек, Окслејд Чембрлен и уште неколку дојдоа и се поздравија со мене. Го запознав и Венгер, завршил тој.

По дводневната проба тој и официјално потпишал за „топчиите“, а се очекува за почеток да игра за тимот до 23 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top