| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија и Турција во тениска битка во Сан Марино

Македонија на стартот ќе ја бие клучната тениска битка во Дејвис-купот во Сан Марино, против Турција, денеска од 14 часот. Победа ни носи речиси сигурен пласман во полуфиналето и одлучувачки дуел против Грција, Црна Гора или Норвешка за пласман во втората евроафриканска зона.

Со нас во првата фаза по групи, покрај Турција, која е ослабена без двајцата најдобри тенисери Илхан и Зорлу, се и селекциите на Азербејџан и Албанија. Тие се аутсајдери, па реално е уште на стартот, попладнево, да се знае која селекција од нашата  група ќе игра меч за пласман во повисок ранг.

Селекторот Дејан Маринковиќ ги повика во составот Предраг Русевски, Шендрит Деари, Стефан Мицов и дебитантот Мицевски, а поради недоразбирање со федерацијата ги нема најдоброрангираниот наш тенисер Томислав Јотовски и Димитар Грабул.

Натпреварите во Сан Марино се играат на отворено, на земјена подлога, а ждрепката одреди Македонија да биде во единствената група со четири репрезентации. Ќе имаме еден натпревар повеќе, што значи настап секој ден до 25 мај ако се пласираме во завршницата. Само финалистите на турнирот ќе се пласираат во втората евроафриканска зона, а сите останати 11 селекции остануваат во најнискиот ранг на натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top