| четврток, 6 декември 2018 |

До кога ќе трае „леденото доба“ во Македонија?

Студено време со утрински температури под нулата и до – 22 степени не очекуваат до наредната недела во четврток.

Според УХМР Македонија денеска се разбуди во најстуденото утро, на минус 22 степени. Утре, понеделник од -19 до -7, вторник -17 до -7, среда -16 до -5 и во четврток од -13 до -3 степени.

Дневните температури до вторник ќе бидат во негатива и ќе се движат утре од -11 до -6,  од -11 до -5 во недела, -10 до -3 во понеделник и -7 до -1 во вторник.

Во среда максималната температура ќе се движи од -4 до 2 и во четврток од 0 до 6 степени.

Времето во наредните денови ќе биде променливо облачно и многу студено со услови за провејување на локален слаб снег. Утре ќе дува засилен северен ветер.

Времето денеска ќе биде студено, ќе дува засилен северен ветер, поради што е можна појава на снежни навеви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top