| четврток, 6 декември 2018 |

Патот Куманово – Св.Николе е во прекин за сите видови возила

Патниот правец Куманово – Св.Николе и обратно е во прекин за сите видови возила. На коловозот има возила и се работи на расчистување на патот, информира АМСМ.

Сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка се одвива отежнато поради наноси од снег на коловозот.

Забрани за тешки товарни возила има на планинскиот премин Плетвар, како и на патните правци Маврово – Дебар и Кочани – г. п. Делчево се уште важи забраната за движење на тешки товарни возила.

Поради врнежи од снег затворени се за сообраќај патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце.

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег, по интервенција на екипите на Македонија пат, информираат од АМСМ.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

Од АМСМ потсетуваат дека Од 15. ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top