| четврток, 6 декември 2018 |

Сите сакаат да се сликаат со нив, а тие со Ѓоковиќ (ФОТО)

Доха во моментот е град во кој престојуваат и голеем број на спортски ѕвезди. Одржувањето на тенискиот турнир се поклопи со подготовките на фудбалерите на Баерн Минхен кои во Катар се подготвуваат за продолжение на сезоната во Бундеслигата. Денешното слободно попладне го искористија за уживање во елитната претстава меѓу Новак Ѓоковиќ и Фернандо Вердаско.

Србинот ќе ја брани титулата, а Баварците беа меѓу првите кои лично му честитаа пласманот во големото финале. Заедничка фотографија со Ѓоковиќ е поставена на клупскиот налог на „Твитер“ со опис – „ни беше чест што те запознавме“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top