Повеќе лица се застрелани на аеродромот „Форт Лодердејл“ во Флорида.
На вториот терминал на одделот за багаж на аеродромот Форт Лодердејл – Холивуд во Флорида „има инцидент“ стои на официјалниот Твитер профил на аеродромот, но нема повеќе детали.
Хеликоптери ја надлетуваат областа и покажуваат илјадници лица како чекаат на терминалот, додека амбуланти возила ги пренесуваат жртвите во болница. На местото на настанот е видливо присуство на полицијата.
Поранешниот портпарол на Белата куќа Ари Флеишер на Твитер напиша дека тој се наоѓал на аеродромот кога се случил инцидентот. Но дека местото каде се случил настанот сега е мирно.
Гувернерот на Флорида Рик Скот е на аеродромот.
„Форт Лодердејл“ е најголемиот туристички аеродром во Мајами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.