Очигледно Жерновски остана изненаден од јануарскиот снег. Центар изгледа како некоја рурална зона која е препуштена на снаодливоста на граѓаните. вечерва тие се самоорганизираа во чистењето на снегот пред своите порти.
Денеска Жерновски на неговиот фб профил се пофали дека има отворена телефонска линија и дека возилото е на терен . но очигледно тоа е само на фотографиите пред општинскиот службен фото-објектив. На терен ниту функционира, ниту некој се јавува.
Граѓаните на улиците истарска, Светозар Марковиќ, Битолска, и Благоја Деспотовски Шовељ во Центар реагираа за неефикасноста. Ги посетивме вечерва и освен нашата екипа немаше никој од општина Центар иако биле повикани да им помогнат. Премрзнати на снегот, жителите сами го чистеа снегот.
Еден од граѓаните револтирано изјави „Жерновски само го бива да се слика, а никаде го нема овде со нас. Пред избори ќе дојде, но да чисти снег нема никој од општината“.
Друг граѓанин сведочеше дека се јавил на отворениот број од општината најмалку три пати, но залудно, освен ветување, нервоза и трошок на мобилната сметка, ништо не добил од општина Центар.
Тоа незадоволство е присутно со разни сведоштва и на социјалните мрежи.
И денеска преку цел ден додека граоначалникот се фалеше на Фејсбук дека снегот во Центар се чисти нонстоп, жителите на Центар револтирани објавуваа фотографии на кои се гледа на терен не се работи. Коментираат дека новите машини што ги промовира Жерновски се навистина нови и извадени на улица само за сликање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.