Хидрометеоролози во Црна Гора и Хрватска воведоа црвен метео аларм за денеска и утре додека во БиХ е на сила портокалов.
Според метеоролози во Црна Гора се очекува облачно време повремено со снег со засилен северен и североисточен ветар со удари повремено на бура, а на некои места и со орканска јачина.
Од Црногорскиот електродистрибутивен систем соопштија дека таквите временски неприлики може да имаат значајно влијание врз системот за дистрибуција на електрична енергија особено во северните делови од државата. Од Црнагорапут соопштија дека сета механизација е приправна и вклучена. На возачите им се препорачува да не патуваат ноќе или возењето да го прилагодат со условите на патот.
И хрватските метеоролози издадоа црвен метео аларм со предупредување дека во државата се очекува студен бран поради кој во викендот температурата на воздухот е можно да се спушти и до минус 20 степени Целзиусови со силен северен ветар.
Црвен метео аларм е даден за Истра, Кварнер како и за Велебит и северна Далмација. Во следните денови се очекува во таа држава снег и оркански ветрови на Јадранот, соопшти Хрватскиот ХМЗ. На граѓаните им се препорачува што помалку да рпестојуваат на отворено или во незагреан затворен простор.
Поради снег, во БиХ сообраќајот се одвива отежнато. Регистрирани се нови 15 см снег, а за утре се очекува врнежите од снег да престанат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.