| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски: Успешно се справивме со првиот бран на снегот

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска го посети пунктот на ЈП „Улици и патишта“ во Кисела Вода, каде е лоциран и пункт на Зимската служба на Град Скопје. Тој посочи дека екипите на Зимската служба се на терен од почетокот на снежните врнежи и досега фрлиле 165 тони сол на градските булевари и улици.

– Градот Скопје е подготвен за одржување на градските улици и булевари на подрачјето на Скопје, во зимски услови. Екипите се на терен од почетокот на снежните врнежи и со 24 возила се работи на расчистување на булеварите и улиците што се во надлежност на Градот. Сметам дека успешно се справивме со првиот бран на врнежите на снегот и сите булевири и улици коишто се во наша надлежност се расчистени и проодни, изјави Трајановски.

133515304Покрај коловозот, додаде, активно се работи на расчистување на тротоарите и јавните површини, а на терен работат 116 работници и механизација од ЈП „Комунална хигиена“ и 70 работници од ЈП „Паркови и зеленила“. Дополнително 70 работници од ЈП „Водовод и канализација“ работат на чистење на сливниците.

Градските власти им препорачуваат на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите и потсетуваат дека во нивна надлежност се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

– Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти. ЈП „Комунала хигиена“ апелира општините соо поголема ажурност да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините со цел непрекинато собирање на комуналниот смет, велат од Град Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top