Зоран Заев повторно побара одложување на наредното рочиште за случајот „Поткуп“ бидејќи, како што рече, има неодложна средба со берберот Неџат.
– Прибидејќи, нели, како што знаеме, Зоран Заев секогаш случајно, како што е, нели, зафатен кога има рочиште за „Поткуп“, Зоран реши дека Заев на наредното рочиште, исто така, според тоа што го знаеме, дека Заев ќе биде зафатен и затоа Зоран случајно договори средба со Неџат Берберот баш во ист термин со рочиштето за „Поткуп“… и тоа е, за жал, нема за може ни Зоран ни Заев да бидат на суд тогаш и мора да се одложи – изјави Заев.
– Не ни знам кога е наредното рочиште за „Поткуп“, искрено, но прееска му се јавив на мојот бербер Неџат и го прашав: „Неџат, здраво, Зоран тука, значи Заев, лидерот на опозицијата е покрај телефонот“, на што Неџат ми рече: „Знам лидеру што го водеше процесот на опозицијата, повели заповедај“, при што јас, значи, Заев, му реков: „Неџат друже, кога имаш слободен термин за шишање“ и Неџат ми рече: „Еми друже Зоки слободен термин нареден имам баш кога што ќе ти е судењето за ’Поткуп‘, кога и да е“ – и што може Заев тука да стори? – невино се праша Заев.
– Едноставно, значи, Неџат може да ме шиша во слободен термин, а самиот човек кажа дека ќе биде слободен само кога ќе имам рочиште за „Поткуп“. Плус, Неџат е шпански амбасадор во Македонија, односно се познава со братучед на портирот во шпанска амбасада, па фактички јас ќе имам средба со претставник на шпанската амбасада со кој ќе дискутираме за актуелните политички случувања во Македонија и поради тоа судот мора да ми го одобри барањето да се одложи наредното рочиште за „Поткуп“ по секоја цена“ – додава Заев.
Заев бил многу задоволен од договорот со Неџат, шпанскиот берберин бидејќи сега кога има сигурно алиби, нема да мора со сила да ги разболува адвокатите Медарски и Андреев или да им ги расипува автомобилите за да не може да стигнат на суд, па судот да го одложи „Поткуп“ по 127. пат. Овој пат повторно ќе се искористи лагата со странски дипломати, за наредниот ќе видиме. Или Андреев ќе е на службено патување во Турција по ново златно синџирче, или на Медарски ќе му се расипе автомобил, заб или кисело млеко, па ќе мора да остане дома за да се обиде да го поправи.
Неофицијално, судот за кој Заев тврди дека е вмровски и дека нема за него правда на овој бели свет, повторно му го прифати одложувањето на рочиштето. „Кромиди запад“ дознаваат дека судијата му се јавил лично на Заев и му кажал дека нема потреба од брзање и дека ако е зафатен годинава или наредната, може да се видат во 2019 година или кога и да е слободен Заев.
– Нема проблем, кога ќе можете тогаш дојдете на суд за да ви судиме за поткуп – изјавил судијата Кичме Витковски.
Барање за судско спроведување бараат други судии, кои сметаат дека со ваквото однесување Заев прави мајмуни од сите луѓе од правосудството, но нема да се спроведе и тоа е одлично, велат наши извори од странските амбасади, затоа што ако е стражарно приведен на судење бидејќи го избегнува судот со смешни изговори, тоа ќе е спречување на правдата и доказ за режимската тиранија, велат изворите од странските амбасади.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


