| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Аеродром фрли 7 тони сол по првиот снег

Зимската служба на Општина Аеродром откако почна да паѓа првиот снег зимава, излезе на терен и непрекинато во текот на ноќта ги расчистуваше паркинг-улиците и патеките, кои се под надлежност на општината.

Во текот на утринските часови на територијата на Општина Аеродром се фрлени околу 7 тони сол и во ниту еден момент не се дозволи да има застој или проблеми со сообраќајот на улиците во општината. Улиците континуирано се расчистуваа со возилата за зимско одржување улици што Општина Аеродром ги набави за таа намена.

Исто така, се ангажирани и сезонските работници да ги расчистуваат приодите околу градинките и училиштата, а се интервенира и на автобуските постојки.

Екипите на зимската служба на Општината се подготвени со 400 тони сол и за нови поголеми врнежи од снег. Тие ќе ја следат состојбата и понатаму и доколку се појави потреба ќе реагираат согласно со условите на теренот.

Општина Аеродром апелира до граѓаните да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради, што е нивна законска обврска, со што ќе се овозможи проодност и непречен пристап до објектите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top