Новиот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги разгневи навивачите на својот клуб со својата последна изјава дадена за медиумите.
– Манчестер Сити е десет години зад Манчестер Јунајтед. Нашиот клуб нема историја како Барселона, Јувентус, Баерн или Манчестер Јунајтед ниту пак нивните трофеи. Важно за нас е да бидеме во Европа секоја година во следната деценија. Мораме да ги увериме луѓето во овој клуб дека се добри – изјави Гвардиола.
Од 2008 година, откако во Сити влегоа арапските милијарди, тимот освои две титули во Премиер лигата, а последните шест сезони постојано учествува во Лигата на шампионите.
Изјавата на Гвардиола многумина ја протолкуваа како намерно барање отказ откако пред два дена Шпанецот најави дека му се ближи крајот на кариерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Широк сокак обоен во црвено-жолто (видео)